Санчес му објасни на Солскјер зошто е слаб во Манчестер, а за Чиле блеска

Алексис Санчес покажува дека е вистински предводник на репрезентацијата на Чиле, откако рано утрово го постигна победничкиот гол против Еквадор (2:1). Напаѓачот на Манчестер јунајтед погоди на почетокот на второто полувреме за радост на Чиле и пласман на актуелниот јужноамерикански првак, во нокаут фазата.

За Санчес ова е втор гол на Копа Америка, а има и една асистенција, во двата меча одиграни досега. Со овие игрчи, Чилеанецот покажува дека е во потребната форма и дека во Манчестер едноставно не може да се докаже, затоа што не добива доволно шанса.

„Секогаш сум голем ентузијаста кога се работи за фудбалот. Сепак, во последно време, во Англија речиси и да немав шанса да играм. Сега ми е подобро. Играм и ја претставувам мојата репрезентација, што е најубавата работа. Не размислувам за ништо друго“, рече Санчес.

Минатата сезона, тренерот на Манчестер јунајтед, Оле Гунар Солскјер речиси и да не сакаше да го пушти Чилеанецот во игра и најави дека не смета на неговите услуги. Сепак, Санчес покажува дека кога е на теренот, кога има доволно слобода за играч, знае да го покаже целиот свој сјај.

 

- Оглас -

Најнови вести