Италијанскиот фудбалер Сандро Тонали се врати на теренот по истекот на неговата десетмесечна суспензија. Тој започна како стартер во тимот на Њукасл и одигра 60 минути во синоќешниот натпревар од второто коло на Лига купот на Англија.
Њукасл го елиминира Нотингaм форест по изведувањето на пеналите, откако натпреварот на „Сити Граунд“ заврши 1:1 во регуларното време.
Џо Вилок го донесе Њукасл во водство 18 секунди по почетокот на натпреварот, откако го искористи одбиениот удар на Александер Исак. Тонали имаше шанса да постигне гол во третата минута, но голманот на домаќините го одбрани неговиот удар.
Нотингам израмни на почетокот од второто полувреме со прекрасен волеј удар на Жота Силва. Ова беше првиот натпревар како стартер и прв гол за клубот на Португалецот. До крајот на регуларното време гостите пропуштија неколку добри шанси за гол.
Натпреварот се реши на пенали, Жоелинтон не погоди за Њукасл, но Сангаре и Ауони не успеаја да го совладаат Поуп, па Њукасл продолжува понатаму во Лига купот.
Вест хем го мина второто коло со победа од 1:0 над Борнмут благодарение на голот на Џеред Боувен, додека Саутхемптон и Вулверхемптон исто така продолжуваат понатаму.