Сане го победи Вернер, Салихамиџиќ ја доби битката со Флик

Хасан Салихамиџиќ ја доби битката со Ханси Флик, а Лерој Сане речиси сигурно ќе биде новото големо засилување за Баерн Минхен во летниот преоден рок.

Спортскиот директор, но и останатите челници на германскиот шампион одлучија да се ангажира репрезентативецот на Елфот, кој е член на Манчестер сити, а желбата на тренерот Флик беше да се купи Тимо Вернер, уште еден репрезентативец на Германија.

Флик мораше да се помири со пораз и веќе стапил во контакт со Сане, а офанзивецот на Сити прифатил да се пресели во Минхен.

Трансферот ќе чини околу 100 милиони евра, а Лерој би имал поголема плата од пет милиони евра годишно, колку што заработува во Манчестер сити.

Интересно е што Баерн минатото лето веќе беше со едната нога во Минхен, но се повреди и трансферот пропадна.

- Оглас -

Најнови вести