Сане се договори со Баерн Минхен

Најтрофејниот германски клуб Баерн Минхен успеа да го доведе Лерој Сане во своите редови. Според германскиот „Билд“, Баерн ќе плати околу 55 милиони евра за да го купи играчот на Манчестер сити и ќе го „врзе“ со петгодишен договор.

Германскиот репрезентативец уште од минатото лето беше цел на Баерн, но англискиот првак тогаш одби да го продаде Сане. Граѓаните лани бараа 100 милиони евра за да го ослободат Сане, но сега сумата драстично му се намали поради две причини. Првата е дека неговиот договор истекува следната сезона и нема намера да го продолжи, а втората е пандемијата со корона-вирусот и кризата во која западнаа сите фудбалски клубови.

Одличната кариерата Сане ја започна во Шалке во 2014 година, а по две сезони направи трансфер во Манчестер сити, каде што одигра три одлични сезони. Оваа сезона Германецот воопшто не заигра поради тешката повреда на ногата, но интересот од Баерн не изостана, па тој од следната година треба да биде во дресот на баварскиот шампион.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести