Сане среќен што ногата не му е скршена по фаулот од Павков (Видео)

Фудбалерот на Црвена ѕвезда, Милан Павков, имаше неславно деби во дресот на српската репрезентација откако во 93-тата минута, при резултат 1-1 на синоќешното гостување кај Германија во пријателски меч, имаше крвнички старт над Лерој Сане, по што доби црвен картон.

Павков со отворен ѓон стартуваше и му го нагази глуждот на Сане и само среќата го спаси Германецот да не добие потешка повреда или скршеница.

Селекторот на Србија, Младен Крстајиќ, им се извини на домаќините и на противничкиот селектор Јоаким Лев за овој потег на Павков, па наместо да се зборува за играта на двете селекции, по мечот во центарот на вниманието е неспортскиот гест на играчот на Ѕвезда. Павков во игра влезе во 70-тата минута, на местото на Лука Јовиќ, кој го даде голот за Србите.

https://twitter.com/i/status/1108487336231403520

- Оглас -

Најнови вести