Сане знаеше како да изнуди пенал, Гундоган изедначи од белата точка

На половина час до крајот на натпреварот, Германија изедначи на 1-1 против Македонија во Дуизбург, а голот за Панцерите го даде Илкај Гундоган од пенал. Лерој Сане беше во дуел со Езџан Алиоски и крилото на Баерн добро се снајде, ја постави ногата така да има контакт со Џани, падна, и судијата Карасев покажа на белата точка.

Сезонава феноменалниот Илкај Гундоган мирно ја пласираше топката во мрежата на Столе Димитриевски, па семафорот покажува 1-1, после нашето водство во финишот на првиот дел.

- Оглас -

Најнови вести