Пандеееев, 1-0, ни рефлексот на Тер Штеген не можеше двапати да спречи наше водство (Видео)

Македонската репрезентација има сензационално водство од 1-0 на гостувањето кај Германија. Стрелец беше Горан Пандев во финишот на првото полувреме.

Германците имаа шанси, еднаш ја погодија пречката, но како се ближеше крајот на првите 45 минути, Македонија стануваше опасна. Најпрвин Тер Штеген ги спаси германците по слободниот удар на Алиоски, но голманот на Барса беше немоќен кога Пандев избегна офсајд и му ја затресе мрежата од близина.

- Оглас -

Најнови вести