Сантос само по девет месеци доби отказ од селекторското место во Полска

Фернандо Сантос повеќе не е селектор на Полска. Некогашниот селектор на Португалија доби отказ од Полска само по шест меча поминати на клупата на овој национален тим. Ова е втор отказ за Сантос во помалку од една година.

На 15 декември минатата година беше избркан од селекторската функција во Португалија, а веќе на 24 јануари ја доби довербата да ја предводи Полска. Нецели девет месеци издржа како селектор на оваа репрезентација, со која имаше биланс од три победи и три порази. Тоа што е алармантно е дека Полска загуби три од петте дуела во квалификациите за Европското првенство 2024 година, па оваа репрезентација е само со шест бода и е на четвртото место во групата во која лидер е Албанија со 10 бода, втора е Чешка со осум, колку што има и третопласираната Молдавија.

- Оглас -

Најнови вести