Сантос слави – По 15 години ќе се гледа бразилско финале во Копа Либертадорес (видео)

Сантос триумфираше со убедливи 3-0 во возвратниот меч против Бока јуниорс и по пауза од една деценија, ќе се бори за титулата во Копа Либертадорес.

Сантос во своето петто финале ќе атакува на четврта континентална титула, а во мечот за трофејот ќе ги одмери силите против Палмеирас, кој претходно го елиминира Ривер плејт.

Првпат од 2006 година ќе гледаме финале на Копа Либертадорес меѓу две бразилски екипи. Последните кои играа во вакви услови беа Интернасионал и Сао Пауло.

Овојпат нема да има два натпревари за титула, победникот ќе се одлучува во еден меч, кој ќе се одржи на 30 јануари, на стадионот „Маракана“ во Рио де Жанеиро.

- Оглас -

Најнови вести