Сапуницата продолжува и годинава, Реал Мадрид и Мбапе повторно во главните улоги, а сумата која се споменува е 400 милиони евра 

Европскиот и шпански шампион Реал Мадрид не му ја затворил целосно вратата на Килијан Мбапе, пишува „Атлетик“.

Шпанскиот новинар Марио Кортагена денеска објави дека претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перес, не се откажал од ангажирањето на Мбапе иако минатото лето беше изигран од францускиот репрезентативец.

Во јуни минатата година, Мбапе потпиша нов договор со ПСЖ, а Перес се чувствувал понижен поради потегот на фудбалерот, преку порака да го извести дека ќе остане во Париз, иако имал устен договор со Кралевите.

„Атлетик“ пишува дека управата на Кралскиот клуб и претставниците на Мбапе останале во контакт и поради тоа, сега повторно станува актуелен евентуалниот трансфер на напаѓачот во Реал Мадрид. Евентуалната сума која Реал би морало да ја плати како отштета би изнесувала неверојатни 400 милиони евра, што е двојно повеќе од тоа што Реал Мадрид го нудеше изминатото лето.

„Единствен тим кој може да го извлече Мбапе од Париз е Реал Мадрид. Можеме да одредиме цена од 400 милиони евра или едноставно да не ставиме никаква сума“, изјави за „Атлетик“ анонимен член на управата на ПСЖ.

Медиумот пишува дека мала е веројатноста овој трансфер да се реализира годинава, туку како опција се споменува 2024 година.

- Оглас -

Најнови вести