15.8 C
Skopje
петок, 11 јули 2025

Сараево и официјално доби огромно засилување: Стефан Ристовски

Искусниот македонски десен бек, Стефан Ристовски, од вечерва и официјално е нов член на босанскиот прволигаш Сараево.

„Искуство и сила на десната страна“. Вака Бордо тимот го опиша доаѓањето на Стефан Ристовски, а фановите коментираат дека ова е најголемо засилување во последните години.

Стефан има богато интернационално искуство, освоил 13 трофеи, за А репрезентацијата на Македонија играше 81 пати, а во Сараево доаѓа од Динамо Загреб. Договорот со Сараево му е до летото 2027 година.

Нов директор на Сараево е нашиот Крсте Велкоски, кој верува во сонародниците, па така се очекува дресот на Сараево да го облече уште еден македонски интернационалец, Агон Елези.

- Оглас -

Најнови вести