Маурицио Сари се најде на удар на италијанската јавност поради послабите резултати на Лацио сезонава, поради што се погласно почна да се зборува за негова смена.
Лацијалите вчера загубија од Салернитана со 2:1 и по 13 кола имаат дури шест порази и 17 освоени бодови за 11-то место на табелата, а медиумите најавуваат дека претседателот на клубот, Клаудио Лотито почнал да бара замена за Сари.
Но, Сари не би требало да има проблем да си најде нов ангажман бидејќи интерес за него пројавуваат екипи од Саудиска Арабија. Тој во последното интервју за италијанските медиуми, откри дека нема ништо против да замине во Саудиска Арабија, но под еден услов.
„Саудиска Арабија? Дали таму смее да се пуши? Ако е дозволено, тогаш шансите се малку поголеми“, изјави Сари кој е познат како страствен пушач.