Сари остана без кредити, Челзи го менува со предводникот на Ватфорд?

Веќе позната политика на управата на Челзи – една неуспешна сезона и отказ за менаџерот, без разлика кој е тој. Така беше со Мурињо, со Конте, со Анчелоти, па сега иста судбина го очекува и Маурицио Сари.

Италијанскиот стратег по сите изгледи, ги загуби кредитите кај раководството. Осмиот првенствен пораз по гостувањето кај Ливерпул (2-0) е тежок да се преболи, па ескпресно се појавија шпекулации кој би можел да биде наследникот на Сари на клупата на „сините“.

Неочекувано име би можело да биде нов предводник на екипата од Лондон. Станува збор за менаџерот на Ватфорд, Хави Грасија. Според најавите на аглиските медиуми, челниците на Челзи се импресионирани од работата на Шпанецот во редовите на „стршлените“ и веруваат дека со него ќе почне некоја нова ера на „Стемфорд бриџ“.

Грасија беше избран за менаџер во август, на почетокот на оваа сезона, откако Ватфорд оствари три победи на стартот од шампионатот, а доста задоволително ја извршува задачата цела сезона. Ватфорд е на 10-тото место по 32 натпревари во Премиер лигата, оствари 13 победи, 12 порази и седум ремија, а во неколку наврати покажа дека е „тврд орев“ за топ 6 екипите од англиската елита.

Вечерва Ватфорд на „Викарејџ роуд“ го пречекува Арсенал, дуел во кој Грасија уште еднаш ќе може да ги покаже стратешките способности и уште повеќе да ја загрее управата на Челзи да тргне по неговите услуги.

- Оглас -

Најнови вести