Сари: Роналдо може да игра и три меча неделно

Тренерот на Јувентус, Маурицио Сари, на прес-конференцијата пред вечерашниот куп-дуел со Рома изјави дека не знае со каква формација ќе настапи и дали во тимот ќе се најде Кристијано Роналдо. Сари денеска пред мечот ќе реши дали да го форсира Португалецот, кој според него, нема проблем да игра и трипати неделно.

„Ќе видиме дали Кристијано е во вистинска кондиција, јас мислам дека тој без проблем може да игра и три средби за една недела, но заеднички треба да одлучиме дали треба да го сочуваме. Очекувам тежок меч, Рома е тим кој дава многу голови на гостински терен, тие имаат повеќе бодови на гости отколку дома. Не сум одлучил со каква формација ќе настапиме. Се надевам дека Роналдо ќе продолжи со добрата форма“, изјави Сари.

- Оглас -

Најнови вести