24.8 C
Skopje
четврток, 10 јули 2025

Сари сепак ќе го води Јувентус во емотивното дерби против Наполи?

Тренерот на Јувентус, Маурицио Сари, се надева дека ќе може да си ја изврши обврската и да биде на клупата за дербито против „неговиот“ Наполи. Откако му беше дијагностицирана пневмонија, Сари замина на терапија и не беше во можност да ја предводи Старата дама на отворањето на сезоната против Парма. Беше најавено дека ќе го пропушти и дербито против Наполи, но кај Сари се појавија знаци на подобрување.

Здравјето на италијанскиот стратег се подобрува побрзо од очекуваното, а до петок ќе се знае дали лекарите ќе му дадат зелено светло да се врати на работа. Сари и вчера бил во тренинг-центарот на Јувентус, каде што одвоил време да се дружи со фановите, давајќи автограми и селфи спомени.

Доколку се појави на „Алијанц стадионот“ во сабота, на Сари ќе му биде прв меч против Наполи откако ја напушти клупата во летото 2018 година.

- Оглас -

Најнови вести