Јувентус без тренер против Парма и Наполи

Маурицио Сари дефинитивно нема да го води Јувентус во првите две кола од новата сезона во Серија А. Италијанскиот стратег има здравствени проблеми откако се откри дека боледува од пневмонија, по што ќе мора на рехабилитација која може да трае еден месец.

Тоа значи дека Старата дама ќе биде без предводник на отворањето на Калчо лигата против Парма, како и во второто коло, во дербито против Наполи, поранешниот клуб на Сари.

„Сари вчера беше на дополнителни тестирања, кои покажаа подобрувања на неговото здравје. Но, за тој целосно да закрепне, ќе треба да оди на терапија, по која не ќе може да ги изврши обврските кон клубот во натпреварите против Парма и Наполи“, стои во соопштението на Јувентус.

- Оглас -

Најнови вести