Сасуоло растура во Серија А ако се сметаат само резултатите од вториот дел на сезоната

Сасуоло синоќа минимално со 1:0 го победи Јувентус, а според многумина тоа е изненадувачки резултат. Сепак, ако се погледаат резултатите на Сасуоло, посебно во вториот дел од сезоната, овој триумф над Старата дама воопшто не е за чудење.

Тимот кој нема шанси да брка место кое води излез во Европа, откако започна вториот дел на сезоната е трет според собраните поени. Во досега одиграните 11 мечеви во вториот дел од сезоната, односно од 20 до 30-тото коло, Сасуоло има освоено вкупно 23 бодови. Само Наполи кој е лидер и Лацио кој е втор, во овој период освоиле повеќе бодови од Сасуоло. Наполи во последните 11 кола освои 25, а Лацио 24 бодови, што значи дека Сасуоло е ваднаш зад најдобрите два клуба.

- Оглас -

Најнови вести