Уште една голема ѕвезда е на прагот за заминување во Саудуска Арабија. По најавите од италијанските медиуми, капитенот на Лацио, Чиро Имобиле добил понуда вредна 60 милиони евра.
Засега не се открива името на клубот, но се верува дека Имобиле ќе добие тригодишен договор, а годишната плата ќе му биде 20 милиони евра.
From 🇸🇦 pushing to convince Ciro #Immobile to join Saudi Arabia’s club. The striker reflecting… #transfers https://t.co/lRVdSRJJjy
— Nicolò Schira (@NicoSchira) July 15, 2023
Имобиле има 33 години, а во Лацио е од 2016 година. Досега одигра 297 меча за небесносините, а постигна 196 погодоци. Во кариерата има играно и за Севиља, Торино, Борусија Дортмунд, Џенова, Пескара, Гросето, Сиена и Јувентус.