Саудијците не штедат ниту за репрезентацијата, ќе го имаат најскапиот селектор

Фудбалската федерација на Саудиска Арабија сака да го именува 68-годишниот Жорге Жесус за нов селектор, објавија португалските медиуми.

Тие Португалецот кој минатата сезона ја помина на клупата на Фенербахче, го мамат со голема плата, ако прифати да седне на селекторското столче, Жесус со 10 милиони евра ќе стане најдоброплатениот селектор на светот.

Според медиумите, преговорите се во завршна фаза и Жесус би требало да потпише тригодишен договор.

Засега најголема плата има селекторот на Германија, Ханси Флик со 6.5 милиони евра годишно.

Жесус треба да дојде на местото на Сад Ал-Шехри кој во послседните месеци е привремен селектор на Саудиска Арабија, откако Ерв Ренар си поднесе оставка по Светското првенство во Катар кое се одржа минатата година.

Жесус има искуство од работа во Саудиска Арабија, тој во сезоната 2018/19 седеше на клупата на Ал-Хилал.

- Оглас -

Најнови вести