Саудијците со закана до Премиер лигата: Следното лето ќе ги купиме Де Бројне, Салах…

Мохамед Салах од Ливерпул и Кевин Де Бројне од Манчестер сити се пикирани како фудбалски ѕвезди од англиската Премиер лига кои следното лето треба да прејдат во клубови од Саудиска Арабија.

Летово многу играчи од Европа заминаа во Саудиска Арабија, каде играат за многу поголеми плати од тие на Стариот континент, а Саудијците нема да застанат тука.

Еден од директорите на саудиската Про лига, вели дека ова што се случува летово е само почеток.

„Ова е само почеток. Буџетот ни е астрономски и веќе имаме сериозен интерес за големи играчи од англиското првенство. Малкумина не би прифатиле да дојдат кога ќе ги видат понудите за личните услов. Следната година уште топ играчи ќе пристигнат кај нас” – најавува директорот.

Од Англија во Саудиска Арабија веќе заминаа Кристијано Роналдо, Ријад Марез, Фирмино, Џордан Хендерсон, Н’Голо Канте, Калиду Кулибали, Едуард Менди, Рубен Невеш, итн.

- Оглас -

Најнови вести