Саудиска Арабија сака СП 2034 да го организира во стандардниот летен термин

Светското фудбалско првенство во 2034 година ќе се игра во Саудиска Арабија, и би можело да се вообичаениот летен термин и покрај високите температури кои се карактеристични во оваа земја тој период.

Саудискиот министер за спорт, Абдулазиз бин Турки ал Фејсал, во интервјуто за Би-би-си изјави дека најверојатно нема да го следат примерот на Катар кој минатата година Светското првенство го организираше во ноември и декември.

https://twitter.com/MirrorFootball/status/1733091049797828856

 

„Не, ние сериозно ја разгледуваме можноста Светското првенство во 2034 година да се игра на лето. Зошто да не ја разгледаме оваа можност, и веќе сериозно размислуваме на тоа“, изјави Ал Фејсал.

 

Темпратурите во летниот период во Саудиска Арабија често достигнуваат и до 50 степени, но организаторот на СП 2034 вели дека имаат долго време да се подготват за предизвикот и да не дозволат да се случуваат пропусти какви што имаше во Катар.

„Можам да ви гарантирам дека тоа нема да се случи со нас. Имаме 10 години да работиме на тоа, веќе започнавме да работиме на изградба на неколку стадиони и имаме доволно време да направиме се како што треба. Исто така ги приспособуваме и стадионите кои ги имаме, шти значи дека нема да ни биде потребно време за иградба на новите“, додаде Ал Фејсал.

Саудиска Арабија веќе гради три нови стадиони за потребите на Азискиот куп кој ќе се одржи во 2027 година.

- Оглас -

Најнови вести