Саутхемптон му даде отказ на Хрватот Иван Јуриќ

Хрватскиот стратег Иван Јуриќ веќе не е тренер на Саутхемптон, објави „Скај спортс“. Оваа одлука доаѓа веднаш по математичкото испаѓање на тимот од Премиер лигата, што се смета за клучен фактор за раскинувањето на соработката.

Играчите на Саутхемптон биле информирани за промената утрово, а заедно со Јуриќ заминува и неговиот стручен штаб.

Според истиот извор, тимот до крајот на сезоната ќе го води Спајман Раск, кој веќе еднаш беше привремено на клупата по заминувањето на Расел Мартин. Во стручниот штаб ќе се приклучи и искусниот Адам Лалана, кој ќе помага како асистент.

Мандатот на хрватскиот стратег траеше само 108 дена. Тој беше назначен пред Божиќ и потпиша договор на 18 месеци со клаузула за евентуално раскинување на крајот на сезоната.

Јуриќ, кој претходно доби отказ и од Рома само по шест недели, успеа да победи само еднаш во 14 натпревари со Светците, тоа беше триумфот од 2-1 против Ипсвич во февруари. Под негово водство, Саутхемптон забележа дури 12 порази и прими просечно по 2,7 гола по натпревар во Премиер лигата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести