Крилниот играч на Манчестер сити, Савињо, е многу блиску до нов договор со клубот. 21-годишниот Бразилец пристигна од Троја во 2024 година. Оттогаш има одиграно 48 натпревари за Граѓаните и постигна три погодоци. Во текот на летото за него пристигна понуда од Тотенхем, но трансферот не се реализираше.
Репрезентативецот на Бразил оваа сезона настапи на четири натпревари и го постигна својот прв гол во мечот против Хадерсфилд во Лига купот.
Денес Пеп Гвардиола ги истакна неговите квалитети:
„За напаѓачките фудбалери секогаш најважни се бројките – голови и асистенции. Савињо минатата сезона создаде многу, но во завршницата беше малку хаотичен. Тој сè уште учи бидејќи е многу млад. Сигурен сум дека ќе стане фудбалер од највисока класа, затоа што може да игра на двете крилни позиции, има брзина и многу работи на секој тренинг. Ќе ја направи таа следна фаза и ќе биде врвен играч за Манчестер сити.“