Се бара учинок „три од три“ за Ливерпул и Елмас

1009 Ливерпул – Брајтон (21:15ч)

По шлаканицата од Барнли, англискиот првак се разбуди и славеше во двете последователни гостувања во Лондон со идентични 3-1 против Тотенхем и Вест хем. За да се потврди враќањето во победнички ритам, Црвените треба да ја оправдаат фаворитската улога против Галебите, кои се редовни пациенти на четата на Јирген Клоп.

Ливерпул славеше во шест од седум премиерлигашки дуели против Брајтон, со тоа што последната средба заврши без победник при конечни 1-1. Но, кога Ливерпул атакува на три бода против оваа екипа, најчесто тие се освоени на сигурен начин, па се очекува мрежата на гостите да биде повеќекратно затресена.

Предлог тип: 1 & 2-5 (1.86)

 

3659 Наполи – Аталанта (20:45ч)

Елмас докажа дека има квалитет да биде редовен стартер во составот на Гатузо, македонскиот дијамант во последните два меча реализира два одлични погодоци, па сега и во првиот полуфинален меч против Аталанта се очекува Елиф да биде во првите 11 и да ја направи разликата на теренот.

Доколку Елмас ја затресе мрежата на Божицата, ќе им се отвори патот на Наполитанците до победа против Божицата, која воедно би била втора во низа по оние 4-1 остварени на домашен терен во октомври минатата година.

Предлог тип: 1X & 1+I (2.00)

 

1007 Лидс јунајтед – Евертон (20:30ч)

Лидс ја надмина кризата и во добро расположение ќе го пречека Евертон, кој повторно западна во проблеми. Интересно е што двете последни победи кои ги оствари составот на Бјелса се против екипи кои им одзедоа четири бода на Карамелите во претходните две кола.

Првата овосезонска средба меѓу Лидс и Евертон заврши со минимални 1-0 во корист на тимот на Алиоски, но со оглед на тоа дека тимот од „Еланд роуд“ секогаш цели на ефикасност, може да се очекуваат повеќе погодоци вечерва.

Предлог тип: ГГ3+ (1.90)

 

1709 ПСЖ – Нимс (21ч)

Покетино мора да се оправда за поразот од Лориен, па иако не може да ги состави најсилните 11 и притоа нема да смета на Нејмар, Светците треба убедливо да слават во дуелот против моментално најслабиот тим во Лига 1.

Во последните пет меѓусебни дуели, ПСЖ оствари исто толку победи против Нимс со гол-разлика 17-2, односно три гола се минимален учинок кој се очекува на „Паркот на принцовите“.

Предлог тип: 1 двојна (2.00)

 

2841 Штутгарт – Менхенгладбах (20:45ч)

Куп-пресметките во Германија секогаш се интересни за обложување бидејќи голови никогаш не недостастуваат, а поради тоа се очекува бундеслигашите да приредат ефиксен меч на „Мерцедес-бенз арената“.

Домаќините се мачат со неколку повреди, што може да биде шанса за Дарко Чурлинов да добие минутажа бидејќи во последно време е изоставен од лигашките дуели на Штутгарт.

Гладбах е благ фаворит, меѓутоа не поминува добро на гостувањата кај Швабите, односно последен пат гостите се радуваа на победа во септември 2015 година.

Предлог тип: 1+I & 3+ (1.74)

- Оглас -

Најнови вести