Се бараат победи на Лил, Хофенхајм и Алавес

Лил  – Монпелје (20:45ч, 18-то коло од Лига 1)

Лил влезе во победнички ритам, но поразот од Челзи во последното коло во ЛШ може да им ги наруши плановите. Вечерва им гостува екипа против која немаат победа на домашен терен веќе три години, така што Данските доги ќе треба да го заборават гостувањето во Лондон што побрзо. Со три триумфи во низа Лил се врати при врвот на табелата, а за да остане во битката за местата кои водат во ЛШ, потребен им е нов триумф.

Иако Монпелје игра турбулентно, изминатите неколку сезони одлично се снаоѓале на „Пјер Мару“ стадионот. Во последните пет меѓусебни дуели, Лил доби три од нив, Монпелје само еден, а на последната средба немаше голови.

Предлог тип: 1 & 2-5 (2.50)

 

Хофенхајм – Аугсбург (20:30ч, 15-то коло од Бундеслига)

Аугсбург ја поправи формата и нареди четири меча без пораз (три победи и реми), па во добро расположение гостува кај несериозниот Хофенхајм. Домаќините последен пат победија пред еден месец на гости кај Келн, а оттогаш претрпеа два порази и ремизираа со Дизелдорф.

Ќе биде доста неизвесен дуел знаејќи дека едниот тим ќе се обиде да ја одржи добрата форма, додека другиот ќе сака да ја поправи. Но, ако се гледаат меѓусебните пресметки, Хофенхајм е неприкосновен во последните осум меча, од кои славеше во шест од нив. Голови се честа појава кога се среќаваат овие две екипи, Аугсбург редовно ја тресе мрежата на „Презеро арена“.

Предлог тип: 1X & 2-4 (1.96)

 

Алавес – Леганес (21ч, 17-то коло од Ла Лига)

За Алавес овој дуел би требало да биде лесна победа, но меѓусебниот учинок со Леганес го кажува сосема спортивното. Домаќините не се израдувале против мадридскиот клуб од јануари 2015 година, традиција што мора да се прекине уште вечерва. Може да се очекува такво нешто бидејќи Леганес е вториот најслаб тим во Шпанија во моментов и веќе стигнаа до двоцифрен број на порази сезонава.

Алавес со евентуален триумф ќе закрепне од поразите од Гранада и Реал Мадрид, но не треба да се очекуваат многу голови во оваа пресметка.

Предлог тип: 1 (2.70)

 

Чарлтон – Хал сити (20:45ч, 22-ро коло од Шампионат лигата)

Некогашните премиерлигши го отвораат новото коло во втората англиска лига, а вечерва за првпат по речиси четири години ќе ги одмерат силите. Ниту Чарлтон, ниту Хал не може да се пофалат со добра сезона, позиционирани се на средината од табелата, далеку од конкурентите кои се борат за пласман во елитата.

Тигрите имаат две победи повеќе од Чарлтон по 21 натпревар, а во последното коло загубија од Лидс, така што формата не им е на посакуваното ниво. Чарлтон, пак, нареди четири порази, односно девет меча е без триумф, така што може да очекува нов потоп.

Предлог тип: 0-1I & 2+II (3.50)

 

Портимоненсе – Рио Аве (21:30ч, 14-то коло од Примера)

Рио Аве се надева на позитивен резултат со цел да го одржи чекорот со екипите со кои се бори за европските места. Меѓутоа, двата порази во последните пет кола им ги нарушија плановите, но сега имаат противник по мерка против кого ќе може да се вратат во победнички погон. Портимоненсе едвај се држи на 16-тото место, а по 13 кола запиша само две победи.

Минималните победи се специјалитет на Рио Аве. На резултат од 0-1 се радуваа и последниот пат кога гостуваа кај вечерашниот противник. Затоа не очекувајте голеада.

Предлог тип: X2 & 0-2 (2.55)

 

Квоти на денот во Sport Life:

Хофенхајм – Аугзбург Т1 2-5 (1.80)

Лил – Монпелје 1X & 2-4 (1.95)

Алавес – Леганес 1+I & 1+II (2.30)

- Оглас -

Најнови вести