Се чека финале Надал – Ѓоковиќ, но Шварцман и Циципас веруваат во чуда

До финале на „Ролан Гарос“ помеѓу Рафаел Надал и Новак Ѓоковиќ стои само уште по една пречка за двајцата најдобри тенисери на светот, а вечерва ќе се знае дали љубителите на тенисот во светот ќе бидат сведоци на спектакл во Париз.

Првото полуфинале е помеѓу Надал и Диего Шварцман. Шпанецот, кој има неверојатни 12 титули на Ролан Гарос, важи за фаворит на хартија, а ќе има и голем мотив плус за победа. Тој пред 20 дена во Рим, исто така на земјена подлога, загуби од Шварцман. Сега на Аргентинецот ќе му биде потешко, ќе треба да освои дури три сета против Надал, а тоа во Париз ретко се случува.

Надал никогаш не загубил полуфинале на Отвореното првенство на Франција, па Аргентинецот ќе игра и против традицијата. Но, овој Ролан Гарос не се игра во мај, поинакви се условите, Шварцман во четвртфиналето го совлада третиот фаворит Доминик Тим и потврди дека е подготвен за највисоки дострели. Надал уште нема загубено сет, но Диего верува дека може да биде првиот Аргентинец по 16 години кој стигнал до финале на овој турнир.

Ѓоковиќ ќе игра со Стефанос Циципас, против кого има само 3-3 во меѓусебните дуели, но годинава се сретнаа еднаш и победи Србинот. Новак во 2020 уште нема пораз на терен, па ќе биде голем фаворит против Гркот кој првпат во кариерата е полуфиналист во Париз. Циципас покажа дека знае да игра добро и на земјена подлога, но единствената шанса против првиот носител е ако Ѓоковиќ има сериозни проблеми со вратот или лактот.

Во Sport Life може да се обложите на тоа кој ќе победи, на точен резултат, на сетови, гејмови, поени, итн. Понудата е повеќе од богата, ваше е само да одберете што ќе типувате.

- Оглас -

Најнови вести