Се е во знакот на бројот 11 кога станува збор за Емполи

Фудбалерите на Емполи на домашен терен ја совладаа Монца со 1:0 во 10. коло од Серија А.
Монца која имаше катастрофален старт на сезона, врза три триумфи, меѓу кои и оној против Јувентус, но не можеше да дојде до бод Емполи.

Одлучувачкиот момент се случи во 11. минута кога Николас Хас по „карамболот“ пред голот на Монца, беше најснаодлив и ја смести топката во мрежата.

Монца се обидуваше да дојде до израмнување, имаше неколку добри шанси, посебно по таа во финишот кога по ударот на Д’Алесандро, одлично реагираше голманот на Емполи, Гиљермо Викарио.

Интересно е што денеска се беше во знакот на бројот 11 за Емполи, победничкиот гол го постигна во 11. минута, има 11 бода и се наоѓа на 11 место на табелата.

- Оглас -

Најнови вести