Се форсираат предвремени претседателски избори во Барселона

Виктор Фонт, Емили Русанд, Тони Фреша и поранешниот претседател Хоан Лапорта, вечерва јавно ќе побараат да се организираат предвремени претседателски избори во Барселона.

Договорена е дебата на една каталонска телевизија на која ќе се анализира работата на Хосеп Марија Бартомеу, по што ќе се форсираат избори што поскоро.

Бартомеу се најде на удар на критики по дебаклот од Баерн Минхен, исто како што трпеше Кике Сетјен и целиот тим на Барса, по што бараше оставка од страна на јавноста. Бартомеу засега не планира да замине без борба и се надева дека ќе остане на функцијата до следната пролет.

Тој веќе најави промени во тренерскиот кадар, откако стана јасно дека на Сетјен му се одброени деновите на „Камп ноу“. Исто така голем дел од играчите се ставени на трансфер листа што подразбира комплетна реконструкција на екипата.

 

- Оглас -

Најнови вести