Се испишува нова историја во англискиот фудбал

Дуелот меѓу Лутон и Мидлсборо во Чемпионшип ќе биде посебен за тренерот на гостите Нил Ворнок. Менаџерот на Мидлсборо по 1.602-ри пат ќе седне на клупата да води екипа и со тоа да влезе во историјата на англискиот фудбал.

Ниту еден тренер во историјата на англискиот фудбал не бил тренер на толку натпревари. Во минатото коло Ворнок се израмни со Дарио Грејди, а зад нив се Фред Еванс со 1.524 меча, Сер Алекс Фергусон со 1.503 и Брајан Клиф со 1.451натпревар зад себе.

Ворнок на 1 декември ќе полни 73 години, а во тренерската работа е од далечната 1980 година, а бил на чело на 14 различни клубови.

„Штом сум стигнал дотука, значи дека сум добар во работата. Никогаш не сум очекувал дека ќе постигнам вакво нешто и дека ќе станам тренер со најмногу натпревари зад себе. Се надевам дека ќе работам успешно уште извесен период“, рече Ворнок пред гостувањето кај Лутон.

 

- Оглас -

Најнови вести