Се колнеше дека е мадридист во крв, му се чудеше на Миротиќ, а сега потпиша за Барса!

Кошаркарскиот клуб Барселона официјално објави дека нивен нов член е Вили Ернангомес, кој од 2016 година наваму играше во НБА лигата.

Овој трансфер е интересен поради историјата на Вили. Тој е роден во Мадрид, кариерата ја почна во Реал Мадрид, а во 2016 година прејде во НБА.

Во минатото Ернангомес даваше изјави дека е мадридиста во крв и дека се чуди како Никола Миротиќ кој истотака е дете на Реал, преминал во редовите на Барса. Времињата се менуваат, и Вили се премисли, па се согласи на трансфер во Барселона исто како што направи и Миротиќ, после враќање од НБА.

Реал Мадрид имаше опција да го земе Вили ако ја изедначи понудата на Каталонците, но Кралскиот клуб се откажа и 29-годишниот Ернангомес автоматски стана член на Барса.

- Оглас -

Најнови вести