Се крчка реванш во Унгарија – Вардар блескаше против Сегед во првото полувреме

Вардар максимално ги користи грешките на фаворитот ПИК Сегед и со одлична игра замина со предност од 19:17 по првото полувреме на мечот што се игра во Лигата на шампионите.

Јотиќ и Чупиќ влегоа во одличен ритам и со по пет гола го предводат Вардар кон подвиг и реванш за поразот во Скопје пред четири дена, кога Унгарците славеа со 28:26.

И тогаш Вардар имаше два гола предност, 15:13 по првото полувреме, па загуби, а и сега „црвено-црните“ треба да внимаваат во продолжението од мечот.

Во финишот на првото полувреме се разбрани францускиот голман на Вардар, Кантегрел, и набрзина нанижа шест одбрани, кога се кршеше резултатот.

Вардар водеше и со 3 гола разлика, 17:14 и 18:15, но и предноста од 2 погодоци и одлична најава за второто полувреме.

- Оглас -

Најнови вести