Се мрднаа работите со доаѓањето на Станковиќ за тренер, прва победа за Сампдорија во Серија А

Фудбалерите на Сампдорија ја забележаа првата победа во Серија А сезонава откако откако во 11. коло славеа на гостувањето кај Кремонезе со минимални 1:0.

Досега Сампдорија имаше скор од три ремија и дури седум порази, но со доаѓањето на Дејан Станковиќ за нов тренер, работите мрднаа од мртва точка и поранешниот италијански шампион го забележа првиот триумф и тоа против директниот ривал во борбата за опстанок.

Сампдорија сега има шест бода, два помалку од Лече, кој е во сигурната зона, а еден повеќе од Верона и два повеќе од Кремонезе.

Натпреварот не започна најдобро за фудбалерите на Сампдорија, бидејќи по само пет минути игра беше досуден пенал за домашните. Окереке беше соборен од Коли, судијата не реагираше веднаш, но реагираше по асистенцијата од ВАР собата и покажа на белата точка. Сепак, слаб удар на Десерс го прочита голманот на Сампдорија, Аудеро.

По промашениот пенал, домашниот тим продолжи со нападите и во 40-тата минута имаше уште една шанса преку Серникола, но резултатот остана непроменет.

И во вториот дел, домашните фудбалери продолжија со нападите, но не успеаја да постигнат гол по што казната ги стигна во 78 минута кога Коли постигна гол за Сампдорија, кој на крајот се покажа вреден три бода.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести