Се најде фудбалер што го откачи Рајола

Капитенот на Наполи, Лоренцо Инсиње, наводно ја прекинал соработката со Мино Рајола. Италијанските медиуми известуваат дека репрезентативецот на Аѕурите од непознати причини одлучил да го прекине професионалниот однос со контроверзниот агент, кој стана негов клиент во 2018 година.

Најголемата причина што Инсиње му ја довери кариерата на Рајола беше со цел да му најде клуб надвор од Италија кога офанзивецот имаше лош однос со управата на актуелниот вицепрвак. Сепак, Инсиње одлучи да остане верен на клубот од родниот град и доби одговорност да ја носи капитенската лента.

- Оглас -

Најнови вести