Фудбалерите на Брест фо приредија најголемото изненадување во 19-то коло во Лига 1 играјќи 2:2 против ПСЖ и тоа на „Паркот на принцевите“.
Ова е прв меч за ПСЖ по пауза од четири и пол месеци да не победи пред своите гледачи во натпревар во Лига 1. Последен тим кој успеа да однесе бод од „Паркот на принцевите“ беше Ница која во септември минатата година победи со 3:2.
Настаните во првото полувреме не навестуваа вакво изненадување бидејќи ПСЖ на пауза замина со два гола предност.
Прво Марко Асенсио во 38-та минута го отвори резултатот, а во последната минута од првиот дел, Рандал Коло Муани зголеми на 2:0.
Но, во второто полувреме, фудбалерите на Брест успеаја да режираат изненадување успевајќи да дадат два гола и да избегнат пораз.
Камара во 55-та минута намали на 2:1, а Переира Лаге во 80-та минута го замолкна „Паркот на принцевите“.