Не е баш пријатно ако сте платиле скап билет за да седите во втор ред на трибините на плејоф-меч од НБА-лигата, а пред вас седи џин од 229 сантиметри. Сепак, се најде решение со помош и на високиот кошаркар, Сенегалецот Тако Фол, кој до лани беше член на Бостон селтикс.
Фол се согласи да седи само на конструкцијата од столчето, а перничињата ги даде на жената која седеше зад него, па така таа се поткачи малку повисоко и можеше да гледа. Оваа ситуација не остана незабележана од камерите во салата во Бостон:
https://twitter.com/i/status/1524607565547548673