Се ожени фудбалер на Ѕвезда, свадбата се одржа во – амбасада! (Фото)

Напаѓачот на Црвена ѕвезда, Ел Фарду Мохамед Бен, ја официјализираше врската со долгогодишната девојка Патрисија. Свечената свадбена церемонија се одржа во француската амбасада во Белград.

Бен поради повреда не играше на гостувањето кај Тирана кое Ѕвезда го доби со 1-0, па имаше време да ја организира венчавката. Инаку, тој е од Коморските острови, и на терен се очекува да се врати после репрезентативната пауза.

Бен и Патрисија 11 години се заедно, и веќе имаат три деца, па и децата имаа прилика да присуствуваат на свадбата на нивните родители.

- Оглас -

Најнови вести