Шпанскиот голман Давид де Хеа после 12 години си замина од Манчестер Јунајтед и се уште е без клуб. Неколку понуди стигнаа на адреса на голманот, но тој засега сите ги одби.
Последната беше од милански Интер, според која тој би заработувал по 5 милиони евра годишно, но условот на Де Хеа е неговата плата да биде минимум 9 до 10 милиони евра годишно.
Овој услов е прифатлив за Баерн Минхен кој би го донел шпанскиот голман како резерва за Мануел Нојер. Сепак, со оглед на тоа дека германскиот голман имаше скршеница и во моментов се опоравува, Де Хеа би бил прв голман на “баварците“ се до враќањето на Нојер на фудбалските терени.
Откако 37-годишниот голман се повреди, на голот на Баерн застана Јан Сомер, но тој сега си заминува бидејќи не сака повеќе да му биде резерва на Нојер.