Се подготвува ново ВАР правило кое ќе ги воодушеви навивачите

Иновативната видео технологија која им помага на фудбалските судии за време на натпреварите, за носење на прецизна одлука во некој спорен момент, не ги воодушеви навивачите, особено во англиската Премиерлига, каде многу голови беа поништени поради минимални офсајд ситуации кои не се гледаат со голо око.

Со воведувањето на ВАР технологијата, судиските грешки се сведени на минимум, но поради таа милиметарска прецизност стана предмет на омраза и ја убива убавината на фудбалската игра. Веќе не знаете дали да се радувате после постигнат гол, играта се прекинува по неколку минути додека компјутерот математички не пресмета дали некој бил во офсајд.

Според италијански медиуми, веќе од февруари ВАР нема да работи на ист принцип. Се планира толерирање на офсајд позиција од 13 сантиметри. Голови во кои стрелецот бил помалку од 13 сантиметри во офсајд, ќе се признаваат.

Оваа одлука ќе се применува секаде каде што има ВАР, и се разработува билтен со упатства до судиите. Новиот ВАР би можел да стартува веќе од осминафиналето во Лигата на шампионите.

- Оглас -

Најнови вести