Здравјето на легендарниот возач на Формула 1 Михаел Шумахер речиси шест години е енигма за светската јавност. Германецот се здоби со тешки повреди на главата по еден пад додека скијаше на француските Алпи во декември 2013 година.
Иако постојат многу шпекулации за тоа во каква состојба е Шумахер, Сабине Кем, која е лична пријателка со семјеството на Михаел, реши да ја објасни моменталната ситуација.
„Здравјето на Михаел не е јавна тема. Нема да откривам детали од тоа во каква состојба се наоѓа, но тој го добива најдобриот можен третман. Сакаме тоа да остане во најтесниот кург на семејството. Ги советувам навивачите да не веруваат во ништо што се пишува во медиумите бидејќи ниту една од тие информации не се точни. Во име на Михаел и неговото семјество, ви благодарам на разбирањето“, вели Кем за медиумите во Швајцарија.