-4.2 C
Skopje
четврток, 1 јануари 2026

Се појави снимка од Никола Јокиќ, докторите велат: „Ова е добар знак“ (Видео)

Никола Јокиќ заработи повреда на левото колено на мечот против Мајами, а предвидувањата одеа до таму што се најавуваше дека сезоната за него е завршена. Србинот се повреди кога беше нагезен од неговиот соиграч Спенсер Џонс, во последните секунди од првото полувреме.

Сепак, Јокиќ беше со екипата на гостувањето во Торонто, а таму беше снимен како нормално се движи и без помагала. Снимката веднаш стана вирална, а свој коментар имаше и докторот по спортска медицина, Брајан Сутерер, кој напиша:

„Ова е многу позитивен знак, бидејќи го гледам како се движи без помагала. Тоа ни сугерира дека нагмечувањето на коската не е доволно озбилно за да биде потребно комплетно растеретување.“

Предвидувањата се дека Србинот ќе биде надвор од терените околу еден месец.

 

- Оглас -

Најнови вести