Сè полудо е во Холандија – Тенис и голф може да се игра од 11 мај, фудбал дури од септември

Фудбал повторно во Холандија ќе може да се игра дури од први септември, објави премиерот Марк Руте денеска. Сезоната 2019/20 веќе е завршена, а предизвика многу реакции бидејќи неодамна беше одлучено да нема шампион, но и испаѓање и влегување во Првата лига.

Сега и официјално е потврдено дека фудбал во Холандија ќе нема долг период, а екипите ќе се подготвуваат за старт на сезоната 2020/21, што може да се игра од почетокот на деветтиот месец во годината.

Тоа значи шестмесечна пауза, но Руте соопшти дека некои спортови на отворен простор можат да продолжат од 11 мај. Од почетокот на идната недела Холанѓаните ќе можат да играат тенис и голф, но турнири на професионално ниво нема да се организираат.

Владата неодамна препорача Федерацијата да објави предвремен крај на сезоната 2019/20, а КНВБ донесе одлука што предизвика многу полемики.

Најоштетени беа Утрехт, екипа која остана без европски настап, и второлигашите Камбур и Де Графшап, кои беа на прагот на влез во Првата лига, или таканаречената Ередивизија.

- Оглас -

Најнови вести