Сè потешка е мисијата на парижани – Без капитенот Силва во реваншот со Борусија

Сè потешка станува мисијата на Пари Сен Жермен за пробив во четвртфиналето на Лигата на шампионите по повредата на стоперот и капитен на тимот Тијаго Силва.

Бразилецот го повреди бутниот мускул на вчерашниот меч од Лига 1 против Бордо и објавено е дека ќе паузира најмалку три седмици, што значи дека нема шанси за настап во реваншот против Борусија Дортмунд.

Силва е еден од најдобрите играчи во дефанзивниот ред на ПСЖ и ќе им недостасува многу на парижани против опасните офанзивци на Милионерите.

Првиот меч во Дортмунд го доби Борусија со 2:1, а реваншот ќе се игра на 11 март во Париз.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести