Се повреди првиот голман на Милан, Динамо Загреб „гори“ во солунскиот пекол (Видео)

Во мноштвото натпревари кои во моментов се играат во Лигата на Европа и Конференциската лига, најинтересен е оној во Солун, каде што ПАОК води со 3-0 по првото полувреме на дуелот со загрепскиот Динамо и ја надомести негативата од 0-2 од првиот меч во главниот град на Хрватска.

Стефан Ристовски и другарите се на големи маки, подлегнаа на атмосферата на „Тумба“ и примија дури три гола во периодот од 27-мата до 42-рата минута, па сега резултатот е таков што го носи грчкиот тим во следното коло на Конференциската лига.

Во Лигата на Европа, Милан ги реши дилемите околу пласманот во следната фаза, води 3-0 на гости против Славија Прага, има и човек плус на теренот, а Росонерите првиот меч го добија со 4-2, но лоша вест за нив е повредата на голманот Мајк Мењан. Французинот мораше да излезе во 21-вата минута и на негово место влезе Спортиело.

Ова е голот на Лофтус-Чик со кој Милан поведе со 2-0:

- Оглас -

Најнови вести