Прв прекин на фудбалска лига во втората сезона на Ковид-19, со 11 победи ќари тим од главниот град

Клубовите од германската регионална лига Нордост со анонимно гласање одлучија сезоната што беше прекината во ноември поради Ковид-19 да не продолжи, а најмногу ќари Викторија Берлин со пласман во повисок ранг.

Екипата од главниот град на Германија забележа 11 победи на исти толку натпревари и беше убедлив лидер до прекинот на првенството пред пет месеци, па си доби неочекувана промоција во Третата германска лига.

Ова е прв случај во Европа во втората сезона со пандемијаат од корона-вирус да се прекине фудбалско првенство и автомаски лидерот да си обзебеди пласман во повисок ранг на натпревари.

Се уште се чека одлука на раководството на лигата за останатите клубови, а најавено е дека веројатно нема да има испаѓање.

 

- Оглас -

Најнови вести