Се приклучи и Талески, Раул работи со комплетен состав

Со појавувањето на левиот бек Филип Талески, македонската машка репрезентација се комплетираше и денеска ќе тренира со сите расположливи сили. Гонзалес работи со 20 ракометари, а до средбата задутре со Турците, треба составот да го скрати на 16 играчи.

Селекторот Раул Гонзалес утре на пладне со капитенот Кирил Лазаров треба да се појават на прес-конференција по повод договорот на РФМ со „Халк банка“, а потоа тимот заминува за Битола, каде в четврток се игра дуелот со Турција.

Ракометната селекција на Македонија цели 15 години немаше играно во спортската сала „Боро Чурлески“, поранешна „Младост“, па Турците ќе ги чека пеколна атмосфера. Три дена подоцна, „црвено-жолтите“ одат кај јужниот сосед во Кожани. Освен Турција и Грција, наш ривал во групата е Исланд, со кого би требало да се бориме за првата позиција, а пласман на ЕП 2020 ќе обезбедат најдобрите две.

- Оглас -

Најнови вести