Се разгорува борбата за втората позиција во српското првенство: победија ТСЦ, Чукарички и Партизан (Видео)

Српското првенство е едно од најактуелните бидејќи за првпат во својата историја ќе има две екипи во Лигата на шампионите. Шампионот Црвена Звезда веќе е во групната фаза на ова натпреварување, а второто место носи пласман во квалификациите за најелитното клупско натпреварување и со евентуален пораз групна фаза во останатите натпреварувања.

Екипите на ТСЦ и Чукарички се најблиску до посакуваното второ место, а денес и двете забелажаа победи. ТСЦ беше убедлив на гостувањето во Крагуевац и го совлада Раднички со 4-1, додека Чукарички со минимални 1-0 беше подобар во дербито против Војводина.

Значајна победа во борбата за второто место забележа и екипата на Партизан, откако со 2-0 беше подобра од Нови Пазар на домашен терен. Победа забележа и Црвена Звезда на гостувањето кај Вождовац со 0-2.

ТСЦ и Чукарички имаат по 68 бодови во борбата за втората позиција, а ги следи Партизан со четири поени помалку.

 

- Оглас -

Најнови вести