Се ситни составот на Германците за дуелот со Македонија, по Крос уште еден репрезентативец ќе се откаже

Германците се во незгодна ситуација по елиминацијата во осминафиналето на ЕП и почнаа да се редат откажувањата од репрезентацијата.

Тони Крос веќе објави дека нема да игра за популарниот Елф по 106 натпревари одиграни за четирикратниот светски првак и трикратен европски шампион, а сега има најава за уште едно „пензионирање“.

Илкај Гундоган е на прагот да ги заврѓи настапите за селекцијата на Германија, а тамошните медиуми објавија дека играчот на Манчестер сити веќе ја донел одлуката и треба само да ја соопшти по враќањето од одмор.

Гундоган одигра 49 меча за Маншафт и веројатно нема да го дочека јубилејниот 50-ти натпревар. Германците се во Ј групата со Македонија во квалификацискиот циклус за настап на Мундијалот во Катар и ќе ни гостуваат на 11. октомври, очигледно без Крос и без Гундоган.

Во првиот меч нашата репрезентација приреди голема сензација и го победи четирикратниот светски првак во Дуисбург со 2:1, што беше прв пораз на Германците во квалификации на домашен терен по цели две децении.

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести