Кај му текна такво нешто: Се скри во противничкиот гол и потоа го шокира голманот (Видео)

Во англиските ниски лиги и во изминативе неколку дена се одиграа повеќе натпревари, а на дуелот Стивиниџ со Хартлпул, беше постигнат најнеобичниот погодок. Во дуелот од Лига 2 (четврти ранг на натпреварување во Англија) резултатот беше 0:0 кога во 80-тата минута домашниот напаѓач Дени Роуз дојде до генијална идеја.

Роуз во еден момент буквално се скри во голот на гостите и чекаше кикс на противничкиот чувар на мрежата. Голманот на Хартрлпул, Бен Килип, реши да ја пушти топката пред него, но не знаеше дека од зад грб ќе добие непријатно изненадување.

Роуз истрча, ја „украде“ топката и успеа да погоди за 1:0, што на крајот се покажа и како конечен резултат.

- Оглас -

Најнови вести