Се стопија Карамелите, Јунајтед последен патник во полуфиналето од Лига купот (видео)

Манчестер јунајтед со головите на Кавани и Марсијал во финишот од средбата на „Гудисон парк“ славеше со 2-0 против Евертон.

Избраниците на Оле Гунар Солскјер втора година во низа се изборија за полуфинале во Лига купот на Англија како последни патници, каде што веќе ги чекаат Манчестер сити, Тотенхем и Брентфорд.

Кавани го скрши мразот дури во 88-мата минута и со одличен удар го совлада Олсен, а потоа пред последниот судиски свиреж, Марсијал го постави конечниот резултат.

- Оглас -

Најнови вести