Најмалку еден работник настрадал, кога салата за хокеј на мраз во Санкт Петербург се урна. Салата која беше направена за потребите на Олимписките игри во 1980 година се урна додека на кровот има најмалку двајца работници, кои работеле токму на нејзино демонтирање и посигурно уривање.
Ненадејно, кровот започнува да се руши, а едниот работник беспомошно се обидува да се спаси, додека другиот имаше многу повеќе среќа, затоа што беше во корпата на кранот, па кога се сруши кровот, тој остана да виси на безбедно.